Изминативе денови во работна посета на Софија престојуваа славните балкански музички ѕвезди Дац (Драган Спасов) и Александар (Митевски), придружени од Војче Петрушев (хармоника). По огромниот успех што го доживееаја во Бугарија со каверот „Корона чао“ и обработката на бугарскиот шлагер „Целувката на Ана“, Дац и Александар се многу канети артисти за настапи по медиумите, концерти во живо и друг вид соработка со бугарските колеги.
На 08.02.2021 година го посетија и Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, каде што за кратко време и со нивниот дух и шарм, покрај тоа што се запознаа со работата и активностите на нашата институција, подарија од нивното ЦД љубовен пасош и најавија следни видувања во месеците што следат.