КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Биљана Кајевиќ, проект: Самостојна изложба

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, на 6 октомври во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше отворена самостојна изложба на слики и цртежи од  Биљана Кајевиќ. За творештвото на Кајевиќ, ликовниот критичар Дејан Буѓевац вели дека претставува едно посветено негување на сопственото сликарско истражување, еден тивок и камерен опус, творечки созреван далеку од очите на јавноста.

Биљана Кајевиќ дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности - Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин во 1994 година. По дипломирањето, работи дизајн на поштенски марки  и разгледници за одделот за филателија при Пошти на Р.Македонија. Во периодот од 1999 до 2008 година, работи како графички дизајнер, а се занимава и со дигитална фотографија и компјутерска манипулација. Во периодот што следи, станува дел од тимот за внатрешно уредување на музејскиот комплекс - Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим во Скопје и освен декоративните елементи кои се составен дел на ентериерското решение е автор на идејно – ликовното решение за витражот на централната купола.
Самостојни изложби: Дом на култура “Иван Мазов –Климе“ –  Кавадарци (2010); Изложба на илустрации - Кинотека на Македонија – Скопје (2010); Уметничка галерија - Безистен – Штип (2010); Националната установа Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп (2011); Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово (2011).

Биљана Кајевиќ, проект: Самостојна изложба
Биљана Кајевиќ, проект: Самостојна изложба (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30