Со две претстави во 16 и 18,30 часот на 10 декември во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија се претставија македонски и бугарски студенти во претставата "Буре барут" според драмскиот текст од Дејан Дуковски. Режијата беше на младата режисерка Ана Батева, а во претставата играа македонски и бугарски студенти по глума и музика од НБУ и НАТФИЗ, Сара Мејс, Тодор Боров, Ива Христовска, Коле Китанов, Стефан Здравески, Емануил Костадинов, Катерина Златарова, Јана Грозданова, Красимир Спиридонов, Александар Бахнов.
Заради големиот интерес кај публиката, претставата ќе се игра и во јануари 2014 година.
Проектот беше во реализација на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија и со поддршка од нашето Министерство за култура.