На покана на SPAM STUDIOS во Софија присуствуваше најпознатиот македонски драмски писател Дејан Дуковски. Тој одржа драматуршка работилница со млади драмски автори од Софија.
Во соработка со режисерката Ана Батева и музичарот Стефан Здравески, авторот на „Буре Барут” (придружуван од поранешниот амбасадор на РСМ во Париз г. Јон Ивановски) го посети КИЦ на РСМ во Софија каде што ги претстави своите искуства со колегите и елитната софиска театарска јавност!
Дуковски и Насев говореа за продлабочување на промоцијата на неговите драми кои се популарни во Бугарија и евентуално нивно издавање!
Гостите ја посетија галеријата и библиотеката на КИЦ на РСМ и изразија задоволство од престојот!