КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија проф. д-р Зоран Пејковски во посета на Драмскиот театар – Пловдив

На 16 јануари 2025 година, директорот на КИЦ – Софија проф. д-р Зоран Пејковски присуствуваше на средбата во Драмскиот театар во Пловдив, на покана на директорката Сузана  Харутјуњан-Василевска. На средбата меѓу другото беше напоменато дека соработките со македонските врвни актерски и режисерски имиња, но и театарски ансамбли ќе продолжат и во иднина.

Во тој дух на градење на взаемните културни врски и мостови беше и претставата „2084.РЕХ“!, која е во режија на нашиот Дејан Пројковски, наше големо и значајно име со интернационална кариера во театарската уметност. Сценографијата е на Валентин  Светозарев, музиката е на Горан Трајковски, а мултимедијалните ефекти се на Сергеј Светозарев. Врв на соработката беше токму и премиерната изведба на „2084.РЕХ“! со која се покажува вложувањето на огромниот труд посетен на културната дипломатија кој секогаш нуди нови и интересни културно-уметнички проекти кои ќе останат запаметени во иднина.

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28