Директорот на МИА г-дин Драган Антоновски и директорот на БТА г-дин Кирил Влчев на 16.06.2021 година остварија работна посета на КИЦ на РСМ во Софија, Р. Бугарија, и ги посетија библиотеката и галеријата на Културно-информативниот центар. Двајцата директори на националните информативни агенции на средбата со директорот на КИЦ на РСМ д-р Сашко Насев се заложија за поблиска соработка и информирање за програмата на КИЦ на РСМ во Софија и истакнаа дека треба да се информира за приближувањето на современата македонска култура во духот на нивниот Договор за соработка, а преку своите дописници во двете земји.