Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Друштвата за издавачка дејност Макавеј – Скопје и Мултипринт от Софија, на 11 декември во 18:30 часот, во просториите на КИЦ се одржа книжевна вечер на современиот македонски писател Ким Мехмети. За богатото уметничко дело на Мехмети говореја македонскиот писател и литературен критичар Бранко Цветковски и бугарскиот писател Николај Шопов.
Ким Мехмети е роден 1955 г. в село Грчец, Скопско, Р. Македонија. Тој е билингвален писател кој покрај на мајчиниот албански јазик пишува и објавува и на македонски јазик.
Досега има објавено над десетина прозни дела, меѓу кои ги издвојуваме збирките разкази: "Поместени рапсодии", "Начек", "Месечев свет", "Село без гробишта", "Собирачи на овенати цвеќиња" и романите "Седум ноќи тага" и "Село на проколнатите деца". Неговите разкази са преведени на многу јазици и опфатени се во бројни избори и антологии.
Авторот во јавноста е познат и како публицист и есеист.