Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Галерија Арт од Скопје на 10-ти ноември во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше отворена изложба на скулптури под наслов "Од отпад до убавина" од македонскиот уметник Владо Костов. Изложбата ја отвори Зоран Читкушев, директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип.
Владо Костов Ваце (1968) во Скопје го завршува училиштето за применета уметност "Лазар Личеновски" и својот уметнички светоглед го оформува под влјание на познатиот сликар Димитар Манев. По завршувањето на училиштето во 1987 г. заминува во Лондон во студиото за анимација и карикатура Hollywood Road Film Production работејќи како цртач – соработник на Дарко Марковиќ.
Во 2005 година Костов го открива својот оригинален израз преточен во суптилна конструкција од отпадни материјали во кои е изразен сензибилитетот на големиот саксофонист Паркер. Со оваа скултура учествува во мултимедијалниот проектот Омаж за Чарли Паркер, заедно со Аљоша Симјановски на пијано и балканскиот саксофонист Гоце Мицанов.
Владо Костов е автор на неколку самостојни изложби и учествува и во групни изложби. За прв пат се претстави во Р. Бугарија со самостојна изложба.