Од 10-ти до 12-ти Мај 2018 година, во Софија се одржа 11-тата „Македонска книжевна визита“ организирана од издавачот „Макавеј“ од Скопје, а во соработка со КИЦ на РМ во Софија и Сојузот на бугарските писатели. Во извонредно позитивна атмосфера се одржаа сите предвидени активности – портрет на писателот Трајан Петровски, поетска манифестација на десеттина македонски и десеттина бугарски поети на македонски и бугарски јазик, се врачи наградата „Македонски книжевен дедал“ на преведувачот- доајен Ганчо Савов, се одржа традиционалната средба меѓу македонските и бугарските писатели во Сојузот на бугарските писатели со заеднички ручек, а беше посетен и гробот на Венко Марковски.