На 9-ти Мај, 2018 година, на Денот на Европа во Софија со подршка на Културно - информативниот центар на Република Македонија, настапија писателот Сашо Кокаланов и гитаристот Влатко Стефановски.
Кокаланов преку преводот на бугарски на својот роман „Изабела, Исмаела и јас“ заедно со актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов, имаа одличен романескно-театарски перформанс заедно со уште дваесетина други автори од европските земји. Со многу емоции, аплаузи и навистина позитивно, публиката беше мошне задоволна. Од 18ч. До 21:45ч. настапот се повторуваше повеќепати за различна публика.