КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Европската Ноќ на литературата

На 14 Мај 2014 година, по осми пат во Европа и по трет пат во Софија се одржа Европската Ноќ на литературата. Македонскиот културно-информативен Центар на Р.Македонија по втор пат учествуваше во овој европски проект. Европската Ноќ на литературата е заеднички проект на ЕУНИК-Европската асоцијација на културни институции, а во Р. Бугарија во овој проект покрај нашиот Центар, годинава активно беа вклучени Канцеларијата на ЕУ во Софија, Чешкиот Центар, Гете Институтот, Британскиот Совет, Полскиот Институт, Рускиот културно-информативен Центар, Португалскиот културен Институт и Амбасадата на Австрија во Софија. Освен во главниот град на Р.Бугарија, на 14 Мај од 18,00 до 21,00 поезија се читаше уште во 8 други поголеми градови во Бугарија.

Во Ноќта на литературата, поезија се чита на интересни, невообичаени места за презентација на поезија, т.н. "гнезда", а посетителите кои во текот на манифестацијата посетуваат најмногу такви пунктови, учествуваат во наградната игра, веднаш по завршување на манифестацијата.

Македонската понуда за оваа голема европска културна манифестација годинава беше книгата "Раѓањето на зборот" од Ацо Шопов, што кон крајот на минатата година излезе во бугарско издание на книгоиздателството Авангард принт и во превод на Роман Кисјов. Со ова дело, КИЦ на Р. Македонија минатата година се вклучи во чествувањето на 90 години од раѓањето на македонскиот книжевен класик.

Стихови од Шопов на Европската Ноќ на литературата, во Галеријата Сезони, каде беше македонското претставување, читаше актерот Иван Калошев, во музичка придружба на Стефан Здравески (саксафон), Ива Христова (гитара), Емил Георгиев (гитара) а видео материјали за Ацо Шопов подготви Ана Батева.

Настанот покрај бројни медиуми од Р.Бугарија го проследија македонски медиуми присутни на настанот.

 

Европската Ноќ на литературата (снимка)
Европската Ноќ на литературата (снимка)
Европската Ноќ на литературата (снимка)
Европската Ноќ на литературата (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот на КИЦ на РМ

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28