На 26-ти Септември 2019 година, во музејот „Земјата и луѓето“ се одржа „Европскиот ден на јазиците“. Настанот е од големо значење и ја презентира граѓанската култура во Софија. На настанот беа присутни бугарските медиуми, студенти, академската средина, дипломатскиот кор и воопшто стотици посетители. Манифестацијата „Европски ден на јазиците“ се одржа како еден вид празник на културите.
Како минатата, така и оваа година, КИЦ на РСМ имаше извонредна презентација со проекција на туристички материјали, видеа од Охрид, Крушево и други градови, перформанс на сценаристот, режисерот и актерот Ѓорѓи Ѓоргиев - Антика, рецитирање поезија на Рацин, Шопов и други, како и скромни подароци (книги, брошури и македонски пијалоци) за стотиците посетители.
На штандот беа присутни и амбасадорот на РСМ, Марјан Ѓорчев како и голем број амбасадори и директори на културни центри во Софија, а директорот на КИЦ, д-р Сашко Насев заедно со другите амбасадори и директори, беше претставен на главната бина на отвoрањето на самиот европски настан!