По повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците, на 26 септември во Националниот музеј „Земјата и луѓето“ (бул. „Черни врх“ 4, Софија) со почеток од 17:30 часот, ќе се одржи манифестацијата на која ќе земат учество странските културни центри и амбасади во Софија, како и институти посветени на јазиците. Акцетнот на Европскиот ден на јазиците е ставен врз диверзитетот на јазиците во Европа и е со тема: „Јазикот – културно наследсво“. На настанот, преку предвидени игри и средби на 18 различни информативни штанда, посетителите ќе можат да научат нешто повеќе за јазиците, за кои пројавуваат интерес, а исто така ќе можат да добијат некоја од наградите.
Манифестацијата Европскиот ден на јазиците е во организација на мрежата на културните центри на земјите од Европската унија (EUNIC), во партнерство со Европската комисија, Центар за развој на човечки ресурси (HRDF); OPTIMA; Австриска амбасада во Софија; Институт за бугарски јазик, Бугарска академија на науките; Гете-институт Бугарија; Амбасада на Грузија во Република Бугарија; Институт Сервантес Софија; Италјански културен институт во Софија; Британски совет; Полски институт во Софија; Португалски културен центар „Камоеш“; Амбасада на Романија; Руски културно-информативен центар; Амбасада на Словачка во Софија; Унгарски културен институт - Софија; Амбасада на Финска во Софија; Француски институт во Бугарија; Чешки центар во Софија; Амбасада на Шведска и Културно- информативниот центар на Република Македонија во Софија.