КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Европскиот ден на јазиците во Софија се одбележува со настан на 17 септември 2022

Плоштад „Славејков“, Софија
17 Sep 2022 - 10:30

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија ќе земе учество во одбележувањето на Европскиот ден на јазиците – 26 септември на настанот кој ќе се одржи на 17 септември од 10:30 до 15:30 часот, на еден од штандовите кои специјално за оваа пригода ќе бидат поставени на плоштад „Славејков“ во Софија.

На македонскиот штанд своја програма за посетителите ќе води режисерот и актер Ѓорги Георгиев – Антика од Штип, кој ќе ја има музичко-сценската придружба од својот колега Пламен Великов од Софија. Посетителите на македонскиот штанд ќе можат да се здобијат со брошури и каталози од Република Северна Македонија, како и да научат нови факти за македонската култура и јазик.

Низ цела Европа, 700 милиони Европејци застапени во 46 земји-членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштaтa. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.

По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците, од 2001 година, се слави секоја година заедно со Европската комисија. Нашиот КИЦ во Софија за шести пат зема учество во оваа значајна културна манифестација.

За повеќе информации од сајтот на Европскиот ден на јазиците: https://edl.ecml.at/

 

Share

Настани

  • 10 Mar 2023 - 20:30

    Како дел од програмата на овогодишниот Софија Филм Фест ќе бидат претставени 7 филмови на филмскиот режисер Милчо Манчевски и еден филм на Теона Митевска. Програмата на македонското учество во фестивалот можете да ја проследите подолу, а целосната информација за Меѓународниот Софија Филм Фест можете да ја најдете...

    Дом на киното, ул „Егзарх Јосиф“ 37, Софија

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31