Факултетот за туризам и бизнис логистика е конципиран врз база на студиските програми на водечките европски факултети за туризам, при што се користени и досегашните искуства во нашата земја. Идите студенти ќе имаат можност да ги изучуваат туризмот и бизнис логистиката, гастрномијата, исхраната и диететиката. Програмите се усогласени со принципите на Болоњската декларација, со воведување на Европскиот кредит-трансфер систем и современиот начин на организирање на наставата.
Речиси сите студенти во текот на своето образование на Факултетот за туризам и бизнис логистика ќе имаат можност практично да се сретнат со својата професија преку посета на најелитни туристички дестинации во земјата и странство.
За информации и настани од сајтот