На 14 Декември, во рамките на 41 Саем на книгата во Софија, се одржа првиот Фестивал "Литературата не признава граници". Специјален гостин на Фестивалот беше добитникот на Европската награда за литература за 2010 година, македонскиот писател Гоце Смилевски. Авторот на романите "Разговор со Спиноза", и "Сестрата на Зигмунд Фројд" кои се преведени и издадени и во Р.Бугарија, имаше двочасовно претставување пред бројната публика на Саемот, одговарајќи на бројни прашања и потпишувајќи примероци од бугарското издание на својот последен роман.