На 4 март 2021 г. во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија беше отворена самостојната фотографска изложба „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ на Игор Христов. Изложбата е составена од 20 фотографски дела кои се создадени во три различни држави – Еквадор, Перу и Тајланд.
Отворањето го проследија голем број пријатели на македонскиот културен центар во Софија, во услови на почитување на мерките за справување со пандемијата од КОВИД-19. Изложбата предизвика интерес кај публиката која најави уште посети по отворањето.