КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Фотоизложба „Животот во Хавана“ на Роберто Брсакоски во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
29 Oct 2019 - 18:30
Фотоизложба „Животот во Хавана“ на Роберто Брсакоски во КИЦ на РСМ во Софија (банер)

На 29 октомври 2019 година, со почеток од 18:30 часот во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, ќе биде отворена изложбата „Животот во Хавана“ на Роберто Брсаковски од Скопје. Посетителите ќе имаат можност да видат околу четириесетина дела од фотографската уметност. Делата се создадени во април 2017 година, по време на двонеделниот престој на авторот во Хавана, Куба.

На отворањето на изложбата авторот ќе ја претстави и монографијата посветена на овие фотографски дела. Во текстот кон ова печатено издание македонскиот писател Владимир Плавевски напишал:

„Роберто Брсакоски не е непознат автор во нашата, македонска, фотокултурна јавност. Овој дипломиран економист со фотографија се занимава од 1985 година, од 1994 година и како член на Фотоклубот „Елема“ од Скопје. Изложувал во над 50 национални и меѓународни изложби, освојувајќи повеќе награди.

Во 1995 година како автор се појавува со самостојна изложба на црно-бела, аналогна фотографија насловена „Живот“ во Изложбениот салон на КИЦ – Скопје. Во 2005 година ја поставува втората самостојна изложба на аналогни црно-бели фотографии насловена „Осаменост“.

Неговата фотомонографија „La Vida De La Habana“ е типичен пример во фотографскиот досег за хуманитарното социјално доживување на градот познато како фотоприказ на еден град, во неговиот случај – далечната Куба преку Хавана, која ни отвора свет што во многу елементи ни е далечен, па дури и чуден, со што ја покажува неговата несомнена остра фотографска перцепција на социјално-културното милје што треба да се сознае…

Фотомонографијата „La Vida De La Habana“, тематски, фотографски е поделена на четири фотоедиции по триесетина колор-фотографии насловени „Луѓе“, „Улици“, „Возила“ и „Архитектура“. Секако, луѓето од Хавана се присутни во сите тематски целини како оцртување на идејата на Роберт за севкупност на неуништливиот дух на кубанскиот народ. Визуелниот аспект и композицијата се доминантните фотосимболи во неговите фотографии, со што пред нас протекува неговото раскажување на животот на Кубанците во Хавана и симболизмот на битисувањето во дадените социјално-политички условености…“

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31