Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија на 23 јуни 2023 беше посетен од г-н Филип Тосевски, државниот секретар во МНР на РСМ. Тој престојуваше службено во Софија и оствари повеќе средби.
Истовремено, КИЦ во Софија го посетија и претставници на винарија „Попови“ , кои освоија награда на Меѓународниот саем за вино, што се одржа во Софија.
Гостите се запознаа со активностите на КИЦ на РСМ во Софија и изразија задоволство и желба за продолжување на соработката.