На 13.01.2020 година, на покана на градоначалникот на Чирпан, директорот на КИЦ на РСМ, д-р Сашко Насев присуствуваше на 52-те Јаворови дни, со кои се обележува делото на големиот бугарски поет. Оваа година беше особено значајна затоа што познатиот издавач и пријател на КИЦ, Пламен Тотев во соработка со фондацијата „Јаворов“ и поранешниот претседател на РБ, Георги Парванов, објавија нови оригинални ракописи од поетот од 1912 година.