На 19 и 20 декември во Сатиричниот театар "Алеко Константинов", гостуваше македонскиот театар "Комедија". На репертоарот беа претставите "Име" и "Лисистрата". Првото гостување на овој наш театар во главниот град на Р. Бугарија предизвика голем интерес кај театарската публика и медиумите кои ја следат културната и театарската сцена.