Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и ИД Макавеј –Скопје на 23 септември во 18:30 часот, во просториите на КИЦ беше преставена книгата од младиот македонски политичар и публицист Филип Петровски "За нас", која што од македонски на бугарски јазик ја преведе бугарскиот писател и преведувач Николај Шопов. Книгата ја промовираа современиот македонски писател и критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот писател Николај Шопов.
Филип Петровски е роден 1972год. во Куманово. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Како студент учествувал во студентското движење и протестите 1997 год. Пратеник е од 1998-2001 год., во Парламентот на Р. Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2001 година е назначен за Генерален конзул во Генералниот конзулат на Р. Македонија во Њујорк. Сега е директор на Градската библиотека "Браќа Миладиновци" во Скопје.