На 11 септември 2024 година во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија се одржа отворањето на ликовната изложба „Циклус 19 II“ на Христина Зафировска.
Кон присутните гости на настанот се обрати директорот на КИЦ во Софија, д-р Васо Ристов, со што им посака добредојде на присутните и ги накратко ги запозна со биографијата и творештвото на авторката. Христина Зафировска се заблагодари на Министерството за култура за поддршката, на директорот, на Амбасадата во Софија, како и на вработените во КИЦ и публиката за нивното присуство и интерес.
Изложба „Циклус 19 II“ е составена од 23 дела во мал формат, насликани со акрилна техника и посветени на пандемијата од Ковид 19. Делата од творештвото на Зафировска беа претставени и со текстот на м-р Билјана Галоска, и со изготвениот каталог за оваа пригода.
Втората самостојна изложба на Христина Зафировска во Бугарија ќе остане отворена за посетителите до 2 октомври 2024 година.