На 22 мај во КИЦ на Р. Македонија во Софија, беше отворена изложбата "Експресивната лирика и траги" од академските сликари Илиријан Бекири и Башким Меџити. Пред бројна публика и претставници од дипломатскиот кор, изложбата ја отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров.
Илиријан Бекири и Башким Меџити на своето прво заедничко и репрезентативно претставување во Софија, се претствија со 23 масла на платно, од нивните најнови творечки опуси. Иако концептуално различни, делата на двајцата ликовни уметници чинат една исклучителна компактна целина, која комуницира преку хармонијата од лирски експресии, преку композицијата, бојата, силно изразената симболика.