КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja

Во Арт Центар Банкја во Софија, на 28 Мај (вторник) беше отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автори од Северна Македонија и Бугарија.

Неколкугодишниот проект „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија, оваа 2019 година, се прошири и збогати со групна тематска изложба, за чија подготовка и остварување помогнаа кураторите од  Северна Македонија и Бугарија – Горанчо Георгиевски и Свилен Стефанов. Отворањето на настанот помина во извонредната атмосфера и со исполнети изложбени сали на Арт Центар Банкja, а пред присутните се обратиja директорот на КИЦ во Софиja д-р Сашко Насев, уметничкиот директор на Арт Центар Банкja Мирослава Стоjaнова и кураторите - проф. Свилен Стефанов и Горанчо Георгиевски.

Изложбата останува отворена, за заинтересираните посетители, до 7 Jули 2019 година.

Осврт на Горанчо Георгиевски, по повод изложбата:

Соочени со секојдневието, како на овие наши простори, така и глобално, темата за изложбата Интеграција на идентитети  е само реакција и е дел од сложувалката на уметничкото размислување во составувањето на мозаикот во актуелните и новонастанати општествени и политички движења и промени. Задирајќи во нашето совремие се отвораат прашања од општеството во насока на искажување на идентитетот и негово интегрирање низ призмата на националната, државната и религиозна идентификација, половата и расната припадност..., но и личното идентификување на уметниците. Модерниот свет своите придобивки ги остварува со технолошкиот развој и, пред сè, со комуникациските мрежи кои преку медиумите и информатичкото општество го достигнаа својот врв во денешнината и се неопходни за развојот како на општеството, така и на единката како интегрален дел од тој систем. Глобализацијата и машинериите за промена на свеста преку медиумските информации, пропаганди и реклами креираат нов поредок во кој единката тивко се отуѓува и го губи својот идентитет. Всушност, актуелната состојба на современото општество и воспоставување модерни институционални мрежи е момент на социолошко распаѓање, т.е. дезинтеграција. Во надминување на глобалните процеси се поставува прашањето дали уметникот говори во свое име како граѓанин еднаков меѓу еднаквите или во име на уметник, одбран и по сопствен избор одговорен и во помала или поголема мерка обврзан на јавно мислење и делување. Од друга страна ова прашање не е комплицирано зашто улогата и позицијата на уметникот и граѓанинот не се исклучуваат меѓусебно.  Уметникот е граѓанин во оној облик кој подразбира учество и конзумирање на секојдневноста.

Заедничката изложба на седум уметници иницијатори на проектот Поврзување кој во случајов е надграден под насловот Интеграција на идентитети, седум уметници од Бугарија и седум уметници од Македонија (Шќипе Мехмети, Роберт Јанкулоски, Ацо Станкоски, Беди Ибрахим, Исмет Рамиќевиќ, Атанас Ботев и Колектив Зеро – повеќето од овие уметници се значајни за промените на мислата и концептот во современата македонска уметност)  за своја основна предлошка ги има комуникацијата, пријателството, разбирањето и пред се љубовта кон уметноста.  Оваа изложба носи во себе редица на различности, но и сродности во авторовата мисла, во опстојување на феноменот на ликовното, без разлика од каде потекнуваат или каде го образувале своето творештво. Уметниците кои не познаваат граници, секогаш наоѓале начини и одржувале контакт со себе блиските уметници. Концептот “уметник-уметник” не е нов, но во овој случај уметниците директно водат меѓусебен дијалог со што покренуваат низа прашања: Сепак уметноста е сосема нешто друго, нешто што е пред/надвор од дневната политика, т.е., уметниците се она што се – уметници, обединети според принципот “уметност заради уметност”, а тоа е девизата за долгорочно пријателство и интегрирање кое не познава граници...

Осврт на Свилен Стафанов, по повод изложбата:

Очигледно е дека темата „Интеграција на идентитети“ е актуелна. Но, како да е таква по еден заобиколен начин, доколку интегрирањето на различни идентификациски претстави се појавува пред сé во идеолошките полиња на различните утопии. И независно дека во овој проект се посочени проблемите на конкретни идентификациски нива – национални, државни, религиозни, полови и расови, не сум сигурен, дека оваа изложба може (како и воопшто уметноста) да даде барем делумно решение, на кој и да е од нив.

Уметноста е таква, каква што е, таа не е ниту политика, ниту етика. Таа е сврзана со социјалното по индиректен начин и има своја внатрешна логика и начини за градење (или разградување) на идеолошките конструкции. Затоа јас не очекувам од уметниците на оваа изложба „илустрации“ на социјална тематика, но за мене е многу поважен резултатот од средбата на дваесет и една индивидуалности. Дваесет и еден творци од две соседни, многу блиски земји, но истовремено и многу разделени во минатото од различното конструирање на меморијата и политичките реалности. Интересен е самиот факт на изложбата, кога едни до други застануваат делата на современите автори, кои ја интерпретираат уметноста од радикално социјалните, до неговите наполно херметички димензии.

Во тој процес на интегрирање на „мноштво од идентитети“ сум си дозволил да претставам автори со различен дијапазон на тематски и визуелни насоки. Како куратор, кој исто така учествува во изложбата, претставувам дела на уметници со кои имам работено, и кои ги вреднувам како едни од најкреативните во современата бугарска уметност. Тоа се Генади Гатев, Десислава Христова, Иван Ќуранов, Лилјана Караџова, Росен Тошев и двојката Nina/Vale. За овие автори со сигурност може да се каже дека имаат значаен придонес во процесот на промената на бугарската уметност и нејзиното ново разбирање во сите области – од сликарството до дигиталните уметности. Некои од нив секогаш работеле самостојно (Д. Христова графика и Л. Караджова фотографија), а други доаѓаат од групи кои станале познати уште во 90-те години, како софиската XXL (Г. Гатев, И. Ќуранов, Р. Тошев). Во насока на видео арт работи истакнатиот во Франција и Бугарија арт дует Nina/Vale (Нина Ковачева и Валентин Стефанов). Секој од овие автори поседува докажан комплексен пат во уметноста и за мене беше интересно што ќе се случи како резултат, кога ги собирам заедно. Се надевам мојот кураторски избор да материјализира пред културните публики на Македонија и Бугарија една привлечна селекција (1/3 дел од целата изложба), која доаѓа од автентичната ликовна сцена на современа Бугарија.

 

Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (фотографиja)

Настани

28 May 2019 - 18:30
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (банер)

Во Арт Центар Банкја во Софија, на 28 Мај (вторник) со почеток од  18.30 часот,  ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автори од Северна Македонија и Бугарија.

Неколкугодишниот проект „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија, оваа 2019 година, се прошири и збогати со групна...

ул. "Александар Стамболиски" 10, Банкja
Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Този въпрос удостоверява, че сте реален потребител.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31