На 26 jули 2019 година во Националната галерија - Скопје, беше отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автори од Северна Македонија и Бугарија. Опширниот изложбен простор на обjектот „Мала станица“ беше исполнет од поставените 55 дела во различни формати и техники, како и од многуброjната публика, заинтересирана да присуствува на овоj настан.
Во присуство на голем дел од авторите, изложбата ja отвори директорот на КИЦ на РСМ во Софиja д-р Сашко Насев, заедно со кураторот од македонска страна – Горанчо Георгиевски и неговиот колега од бугарска страна – проф. Свилен Стефанов.
Сите заинтересирани да ги видат делата од овоj голем ликовен проект, продуциран од КИЦ на РСМ во Софиja, во коj се инволвирани важни и познати авторски имиња од двете земjи, може да ja посетат „Мала станица“ до 2 септември 2019 година. Изложбата „Интеграција на идентитети“ во Скопjе е трета и финална за оваа година. Претходно истата беше претставена во Пловдив и Софиja.