КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Изложба „Изгубени простори“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ во Софија

ул. „Обориште“ 7, Софија
10 Sep 2020 - 17:00
Изложба „Изгубени простори“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ во Софија (банер)

На 10 септември (четврток) 2020, во временскиот интервал меѓу 17:00 и 20:00 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Марјан Ѕингаров. „Изгубени простори“ е насловот на новата изложба која е составена од околу 20 сликарски дела, со кои авторот го покажува најкарактеристичното од своето творештво во последните неколку години.

Настанот ќе се одржи во КИЦ на РСМ во Софија, во услови на целосно почитување на соодветните мерки за справување со КОВИД-19.

***

Човекот го нема, но тука е просторот. Каде исчезнал човекот? Се претопил ли во просторот? Или просторот станал човек? Изгубен во просторот. Изгубен во човекот. Изгубени, без можност за пронаоѓање оти се едно. Најтешко е да се најдеш себе. Сè укажува дека некогаш постоел човекот. Знаците се создадени од човек и се наменети за човек да ги одгатне. Што му останува на човекот кога го губи просторот? Времето? Просторот не е само простор. Времето не е само време. Времепростор е. Кога се губи просторот, исчезнува и времето. Во сликите на Ѕингаров просторот е тука и не е тука. Времето е тука и не е тука. Човекот е тука и не е тука. Тие се топоси на привременоста и одминливоста. Што останува откако сè исчезнало? Празнина? Загледајте ги добро сликите на Ѕингаров и пробајте да се најдете себе на одреден датум, во одредено време и простор. Ако не сте успеале, значи сте се изгубиле пред да се пронајдете, оти тие се создадени од она кое што го населува просторот откако човекот ќе го напушти просторот, и од она кое што е веќе во човекот: боја, контура, форма, симбол, емоција... Изгубени простори не е само деконструкција на просторот, туку и деконструлција на човекот. Соочени пред ненаселен простор, единствениот избор што човек го има е да се изгуби во него. За да може одново да ја најде идејата за себе. (Трајче Бјадов, 2018)

Share

Настани

  • 2 Oct 2020 - 17:00

    Оваа 2020 година одбележувањето на Европскиот ден на јазиците ќе се одржи во деновите од 30 септември до 2 октомври. Културните институти и амбасади во Бугарија повторно ќе го одбележат Европскиот ден на јазиците заедно преку низа интерактивни и забавни он-лајн настани под мотото „Откриј го преводот!“.

    За...

    КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Този въпрос удостоверява, че сте реален потребител.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31