На 27 септември во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, со дела од својот најнов уметнички опус се претстави македонската уметница Љубица Мешкова Солак. Изложбата Конвергенција беше нејзино прво самостојно претставување во Софија и дел од годишната програма на нашиот Центар за 2017 година.
Љубица Мешкова Солак завршува графика со конверзација и реставрација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, но најголем дел од својот богат авторски опус го остварува во Битола, каде живее и твори. Има остварено бројни самостојни изложби низ Р. МАкедонија, но и во Берлин и Париз, а во соработка со британскиот моден бренд Хакет изложува во Дубаи, Катар, Кувајт и Бахреин. Има остварено студиски патувања во Атина, Фиренца, Букурешт, Ерусалим, Љубљана и Париз, учествувала на бројни групни изложби во Бугарија, Романија, Србија Шпанија, Грција, Австрија. Добитник е на значајни ликовни награди, во 2008 година признанието за ликовно остварување "Борислав Траиковски", а во 2013 година наградата на ДЛУМ, Д. Аврамовски-Гуте.