На 28 јули беше отворена проектизложбата "Мајки, Божици и Кралици" од авторот Благојче Наумовски-Бане.
Благојче Наумовски-Бане е роден 1985 г. во Кичево, Р. Мaкедонија. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на педагошкиот отсек сликарство во класата на проф. Рубенс Корубин. Мaгистирирa од областа на сликарството во класата на проф. Јован Шумковски. Од 2012 г. работи како асистент на Факултетот за Арт и Дизајн на Европскиот Универзитет во Скопје, а од 2016г. станува доцент на истиот факултет. Изложувал во Берлин, Њу Јорк, Отава, Љубљана, Париз, Прага, Виена, Хаифа, Приштина. Ова беше негово прво самостојно претставување во Софија.