На 22 ноември 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија се отвори изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како дел од програмата на Министерството за култура на Република Македонија за 2018 година. Повеќе автори од сите генерации членови на ДЛУМ се претставија со слики, графики, скулптури...Специфично за оваа изложба е тоа што таа веќе беше во Пловдив, а веднаш по отварањето во Софија доби покана да биде пренесена и во галеријата во Банско.
Изложбата ја отвори и зборуваше за историјатот и значењето на ДЛУМ, д-р Сашко Насев, а повеќето дипломати, ликовни уметници и пријатели на КИЦ од име на Амбасадата ги поздрави г-дин Марјан Ѓорчев. Во име на ДЛУМ се заблагодари секретарот Деан Иванов-Маргуш.