На 3 октомври 2024 година во галеријата на Културно-информативниот центар на Северна Македонија се одржа отворањето на ликовната изложба „Мотиви од полошко поднебје“ на Илирјан Беќири и Агрон Абдули.
Двајцата ликовни уметници – педагози од Тетово беа претставени пред публиката од г-ѓа Пејка Трајановска, советник во Амбасадата на Република Северна Македонија, која им посака добредојде на сите пријатели на македонскиот Центар во Софија и ја прогласи изложбата за отворена.
Во обраќањето на уметникот Илирјан Беќири кон присутните се содржеше информацијата за темата на изложбата, стиловите на двајцата автори, како специфичните сличности и разлики помеѓу нив.
Изложбата во КИЦ на РСМ во Софија ќе остане отворена до 10 октомври, од кога дејностите за реновирање на просторот ќе продолжат.