КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова

Скулпторот Атанас Атанасовски и сликарката Марина Лешкова, на 15 Мај (четврток) беа претставени на заедничка изложба која со почеток во 18,30 беше отворена во КИЦ на Р.Македонија во Софија. Изложбата е резултат на соработката со Музеј на современа уметност во Скопје и самостојните изложби на двајцата уметници во МСУ во 2012 година. Амбиенталниот концепт на скулпторот Атанасоски со наслов "Орнаменти" и "Приказната од изгубениот рај" од Марина Лешкова, се споени во една тематска целина и за прв пат во ваков спој беа изложени во КИЦ на Р.Македонија. Куратор на изложбата е Марика Бочварова Плавевска.

Атанас Атанасоски е роден во Прилеп во 1961 година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1987 година, а магистрира во 1995 во Будимпешта. Учесник е на бројни самостојни и групни изложби во Македонија, Бугарија, Унгарија, Словенија, Србија, Естонија, Велика Британија и со награди во Пиран (1995), Скопје (1998).

МАрина Лешкова дипломира на Факултет за ликовни уметности во Скопје во 1994, а истата година дипломира и на Историја на уметноста на Филозофски факултет во Скопје. Има остварено бројни самостојни и групни изложби и освојувани неколкукратни награди за свои дела-Скопје 1987, 1988, 1999г.

Изложбата ја отворија директорот на КИЦ на Р.Македонија Васко Шутаров и директорката на МСУ Елиза Шулевска. Изложбата се остварува во годината на одбележување на 50 години од основањето на Музеј на современа уметност и по тој повод на Македонскиот културен центар во Софија и на директорот му беше врачена Благодарница за досегашните десет остварени заеднички проекти. Проектот е комплетно поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.

Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова (снимка)
Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова (снимка)
Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова (снимка)
Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова (снимка)
Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова (снимка)
Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова (снимка)
Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова (снимка)
Изложба на Атанас Атанасовки и Марина Лешкова (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30