На 29 Април во КИЦ на Р. Македонија во Софија беше отворена првата самостојна изложба од акварели на нашиот познат уметник Илија Кавкалески-Кавкале. Во Софија, Кавкалески се претстави со 20 дела, кои предизвикаа внимание кај посетителите на нашиот Центар ов Софија. За делото и уметничкиот пат на Илија Кавкалески зборуваа директорите на Македонскиот културен Центар и Националната галерија на Македонија, Васко Шутаров и Маја Неделкоска-Брзанова, како и Љубчо Маленков, виш кустос. Проектот е целосно подржан од нашето Министерство за култура.
Илия Кавкалески е роден во Прилеп во 1932 г. Завршува Училиште за применета уметност во Скопје во 1953 година и дипломира на Факултетот за применети уметности воБелград во 1957 година. Во својата долга професионална кариера работи и како сликар-конзерватор на икони, а бил доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во насоките по конзервација и реставрација.
Член е на Друштвото за ликовни уметници на Македонија, а во 2004 г. и член на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовни уметници. Има реализирано многу самостојни изложби низ Македонија и Словенија и е носител на бројни ликовни награди за своето творештво.