Синоќа во Културниот Центар на Софискиот Универзитет, пред многубројна публика, беше отворена изложбата на нашите познати ликовни уметници Контантин Качев и Синиша Кашавелски. Заедничкиот концепт на Качев и Кашавелски, кои ги изложуваа своите дела од циклусите "Емигрант" и "Богатството на таинствениот", предизвикува вистинско воодушевување пред софиската публика, која со часови ги исполнување двата павиљона на Културниот Центар на Софискиот Универзитет. Двајца наши ликовни уметници, добитници на бројни домашни признанија но и на највисоките одличја на престижниот Зимски Салон во Париз, за прв пат се представуваат пред публиката во Бугарија. На изложбата беа присутни бројни професори по ликовни уметности, уметници, ликовни критичари, студенти, љубители на уметноста. Изложбата која ја отворија проф. Александар Ќосев, познат културолог и директорот на Културно информативниот Центар на Софискиот Универзитет и директорот на Македонскиот културен Центар м-р Васко Шутаров, го потенцираа значајот на оваа изложба и заеднички очекуваат уште бројна публика, до 8 Јануари, кога изложбата завршува.
Оваа претставување на Константин Качев и Синиша Кашавелски е помогнато од нашето Министерство за култура.