КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Изложба на Македонското учество во Меѓународната ликовна колонија во Созопол - Солеј

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
3 Jul 2020 - 18:30
Изложба на Македонското учество во Меѓународната ликовна колонија во Созопол - Солеј (банер)

Во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, од 3 јули (петок), ќе биде отворена изложбата „Македонското учество во Меѓународната ликовна колонија - Солеј“, која секоја година се одржува во склоп на Меѓународниот франкофонски фестивал во бугарскиот морски град Созопол. Македонските уметници во изминатите 4 години имаа можност да се дружат, освен со своите колеги од Бугарија, така и со нивни колеги од други земји од светот (Белгија, Мароко, Грузија, Азејберџан, Романија, САД и други), да пренесуваат искуства и да творат заедно во почетокот на секоја туристичка сезона – во првите денови од јуни. Уметниците Марјан Ѕингаров, Андријана Мациев, Мирјана Крстевска – Массетти, Иво Пецов, Ивана Настески, Симонида Филипова Китановска, Дејан Иванов - Маргуш и Иван Шапков создадоа дела кои се сега дел од фондот на Меѓународната колонија.

Организаторите на Фестивалот, кој требаше да го одбележи својот 10 годишен јубилеј, поради познатите причини околу ситуацијата со пандемијата КОВИД-19, беа спречени во неговата реализација за оваа 2020 година. Но пак затоа, за галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, отстапија еден дел од создаденото, од македонските учесници на колонијата. Нашиот културен центар, во врска со успешната културна соработка со Фестивалот, изразува особена благодарност до директорите на Фестивалот, г-ѓа Александрина Исајлова и проф. Димитар Веселинов.

Посетителите кои имаат интерес да ги видат овие сликарски дела (на шестмина од македонските автори), посветени на градот Созопол и морето, ќе можат да го направат тоа во работните денови и во рамките на ограничувањата, диктирани од епидемичната состојба во Република Бугарија:

  • Гостите и домаќините на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде потребно да носат маски
  • Посетителите да ги дезинфицираат рацете при влегувањето во КИЦ во Софија. За таа намена има обезбеден дезинфектант за посетителите
  • Да биде почитувано пропишаното правило за дистанца меѓу луѓето во овој период
  • Да биде сведено до минимум допирањето на ентериерот на КИЦ
  • Посетите на КИЦ на РСМ во Софија ќе бидат регулирани, за да се избегне собирање на поголем број на луѓе на едно место и да се одржи пропишаната дистанца. За таа цел ги замолуваме заинтересираните посетители да не информираат за своите намери на rmkic@yahoo.com или на телефонскиот број: ++ 359 2 9461492

 

Ве очекуваме!

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Този въпрос удостоверява, че сте реален потребител.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31