На 17 Октомври, пред претставници на дипломатскиот кор, претставници од Министерството за култура на Р. Бугарија, бројни ликовни уметници и почитувачи на ликовната уметност, во македонскиот културен центар беше отворена првата самостојна изложба на Милош Коџоман во Софија. Познатиот македонски уметник, добитник на наградата "23 Октомври" за 2008 година, во Софија се претстави со 20 дела, од кои најголем дел од циклусот "Македонија во мислите".
Изложбата ја отворија директорот на македонскиот КИЦ во Софија Васко Шутаров и Зоран Читкушев, директор на Заводот за заштита на споменици на културата и музеј-Штип. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија.