КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба на скулптури од Марјан Стојаноски во КИЦ на РСМ во Софија

Во галеријата на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, беше отворена изложбата „Панта реи“ на македонскиот уметник и скулптор Марјан Стојаноски. Ова е прва самостојна изложба на Стојаноски во Софија, која е составена од ротирачки скулптури изработени со метални и дрвени елементи. Делата се создавани од Стојаноски во изминатите две години, а годинава беа претставени во Скопје. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Северна Македонија во Софија, Сашко Насев, коj кажа дека скулптурите ја отсликуваат визијата на авторот за светот и неговиот одраз. Стојаноски, пак, рече дека името на неговата изложба „Панта Реј“ доаѓа да покаже дека треба да бидеме поблиску до уметноста, бидејќи таа е ненадминлива и вечна.

На изложбата присуствуваа странски амбасадори и бугарски интелектуалци и пријатели на културата на Северна Македонија. Стојаноски изјави дека по втор пат доаѓа во Бугарија, а прв пат одржува изложба. Посочи дека уметноста може да ги зближи двете соседни земји и да отвори нови хоризонти за уметниците да се запознаат и подобро меѓу себе да комуницираат. Изложбата во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија ќе биде отворена за посетители до 31 август 2022 година. Стојаноски е роден во Прилеп во 1983 година, по што средното образование го завршил во Уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, а потоа студирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Ибрахим Беди. 

Настани

24 Aug 2022 - 18:30

На 24 август (среда) 2022 од 18:30 часот, во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, ќе биде отворена изложбата „Panta rhei“ на македонскиот ликовен уметник Марјан Стојаноски.

Оваа прва самостојна изложба на Стојаноски во Софија е составена од ротирачки скулптури, изработени со користење...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31