КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба на слики од авторите Марјан Ѕин, Свилен Стефанов и Иво Пецов во Струмица

НУЦК „Антон Панов“ Струмица
12 Jul 2021 - 20:00
Изложба на слики од авторите Марјан Ѕин, Свилен Стефанов и Иво Пецов во Струмица (банер)

Изложбата на слики од тројцата автори: Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов ќе биде отворена во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица на 12 јули 2021, од 20:00 часот. Оваа изложба ги обединува ликовните дела на авторите кои се од РС Македонија, но кои живеат и работат во Бугарија, тоа се Марјан Ѕингаров (Струмица) и Иво Пецов (Виница), и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија.

Порано, во јуни, истата беше претставена во Куманово, каде наиде на особен интерес кај културната публика.

Марјан Ѕингаров учествува со делата насловени како „Изгубени простори“, со кои го претставува најкарактеристичното од своето творештво во последните неколку години. Трајче Бјадов од Стумица за неговите дела вели: „...Загледајте ги добро сликите на Ѕингаров и пробајте да се најдете себе на одреден датум, во одредено време и простор. Ако не сте успеале, значи сте се изгубиле пред да се пронајдете, оти тие се создадени од она кое што го населува просторот откако човекот ќе го напушти просторот, и од она кое што е веќе во човекот: боја, контура, форма, симбол, емоција... Изгубени простори не е само деконструкција на просторот, туку и деконструкција на човекот. Соочени пред ненаселен простор, единствениот избор што човек го има е да се изгуби во него. За да може одново да ја најде идејата за себе.“

Марјан Ѕингаров (1976, Струмица) дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Република Бугарија. Има реализирано осум самостојни изложби, во Македонија, Бугарија и Романија. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија, Бугарија, Грција, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Чешка, Романија.

Свилен Стефанов е застапен со дела од неговото творештво, создадени во периодот од 2015 до 2018 година. За создаденото од него, тој ќе рече: „…Моето сликарство е наративно и на прв поглед раскажува различни „истории“, но логичките нишки на таа тематичност се намерно прекинати. Во нив нема нешто кое по некаков начин би можело да биде обврзано со конкретност од животот. Суштината на мојата работа е длабоко вкоренета во истовремениот усет за божественост на битието и длабокиот сомнеж во сите идеологии, кои ја карактеризираат социјалната страна на современиот живот.“

Свилен Стефанов (1966, Софија) е ликовен уметник, историчар на уметноста, критичар и куратор. Живее и работи во Софија. Своето академско образование го стекнал во Националната ликовна академија во Софија. Професор е по историја на уметноста на ХХ в. во Националната ликовна академија во Софија, доктор по теорија и историја на уметноста. Неговата приказна како уметник, куратор и критичар е сврзана со групата XXL, создадена во Софија во 1994 година.

Иво Пецов учествува со дела од неговата минатогодишна изложба „Метафизички слики“, за кои вели: „...Дефинитивно нашиот современ проблем го изврши своето влијание да ги создадам сликите, кои би го третирале моето чувството на изолираност во нашето COVID-19 време. Тоа време, кое е релативна категорија, се однесува кон просторот – кон предметите и симболите, кои го легитимираат и го прават распознатливо од искуството. Имено лоцирањето на времето врз линеарноста на неговиот тек кај мене е само загатнато, со намерно избрани оскудни симболи кои би напомниле за нашето совремие, за потоа набојот на творбата да го понесе гледачот кон сингуларноста на безвременоста. Совремието (кое покасно ќе е историја) е наводно тука и наводно постои, додека единственото безвременоста ја создава својата творечка реалност...“

Иво Пецов (1980, Кочани) своето академско образование го завршил во Софија, Бугарија на Националната Ликовна Академија, на одделот „Графика“, каде магистрира во 2005 година. Во 2010 година успешно докторира на истата академија, на одделот „Ѕидно сликарство“. Како уметник е активен со многу учества на групни изложби, во различни градови во Македонија, Бугарија, Романија, Португалија, Шпанија. Тој има изложувано свои дела на повеќе од 15 самостојни изложби во Македонија, Бугарија, Романија, Португалија и Германија. Живее и работи во Софија, Бугарија

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31