На 16 Декември беше отворена изложба на ликовната уметница Теута Хоџа-Имери. Изложбата беше реализирана во соработка со Националната Галерија на Македонија и поддржана од Министерството за култура на Р.МАкедонија. Делат на Хоџа-Имери ги претставија г-ѓа Маја Неделкоска Брзанов и Васко Шутаров, директори на двете институции во чија соработка беше остварено ова гостување.
Теута Хоџа-Имери е родена во Струга во 1986 год, каде завршува основно и средно образование. Завршува одсек графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје под ментерство на проф. Костадин Танчев-Динка. Има остварено неколку значајни самостојни изложби на Р.Македонија, учесник на бројни групни изложби во земјата и странство.