Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, на 07 мај во 19:00 часот во просториите на КИЦ беше реализирана изложба на традиционални инструменти и носии од АНИП Стефче Стојковски од Скопје. Изложбата ја отвори директорот на Културно-информативниот Центар, Васко Шутаров.
Ансамблот на Стефче Стојковски е основан 1997 година и е вистински репрезент на богатото македонско музичко творештво. Имаат настапувано ширум светот и носители се на бројни домашни и меѓународни признанија.
На изложбата беа претставени галичка, мариовска, како и носии од кумановско, охридско, прилепско, скопско.