Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во соработка со Музеј на град Кратово на 28 ноември во 18:30 часот во галерискиот простор на КИЦ беше отворена изложбата "Павел Шатев - Живот посветен на Македонија".
За Павел Шатев и неговото дело, зборуваа: Амбасадорот на Р.Македонија во Р.Бугарија г-н Благоја Ханџиски, директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Р.Бугарија, г-н Васко Шутаров, директорот на Државниот Архив на Р.Македонија, г-н Зоран Тодоровски и директорот на Музеј на град Кратово, г-н Драган Георгиевски.
На 23 паноа, низ богата фотографска и документарна содржина претставен е дел од богатиот револуционерен и животен пат на Павел Шатев. Реализацијата на изложбата е помогната од Министерство за култура на Р.Македонија.