На 7 Ноември беше отворена археолошката изложба "Праисториските дами од Македонија". Беа изложени 94 фигури на жени, од периодот на неолитот и енеолитот, пронајдени на бројни наоѓалишта на територијата на Р. Македонија. Автор на изложбата е Ирена Колиштркоска Настева, која заедно со директорот на Центарот м-р Васко Шутаров ја отворија изложбата.
Оваа несекојдневна археолошка изложба досега е претставена во поголемите градови во Р.Македонија, во Р.Хрватска, Црна Гора, САД и Англија.