На 19 декември 2024 година во галеријата на КИЦ во Софија се одржа отворањето на ликовната изложба „Урбани трансформации“ од двајцата ликовни уметници – Благојче Наумовски – Бане и Јехона Ајрадини.
Директорот, проф. д-р Зоран Пејковски, на присутните во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија им посака срдечно добредојде, по што се обрати и г-ѓа Пејка Трајановска, советник во Амбасадата на РСМ во Софија.
Авторот Благојче Наумовски – Бане ги запозна присутните со концептот на изложбата и темата, поврзана со архитектонскиот стил Брутализам, кој го инспирирал за создавањето на ликовните дела. Двајцата автори се заблагодарија на присутните и им раздадоа од каталозите кои ги имаа подготвено за настанот.