На 12-ти Април 2018 година, во галеријата на КИЦ на РМ во Софија, се отвори изложбата „Женската фрагилност и/или моќ“ на младата македонска уметница Шкипе Мехмети. Изложбата ја отвори д-р Сашко Насев, а публиката ја поздрави и самата авторка. Изложбата се состои од 22 графики работени во техниката сува игла. Отварањето на изложбата помина во позитивна атмосфера со многу гости од уметничкиот и културниот свет на Софија, ликовни уметници од различни генерации, новинари, дипломати и други.