На 17 март во КИЦ на Р. Македонија во Софија, пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор и Министерството за култура на Р. Бугарија, беше отворена изложбата на македонскиот ликовен уметник Андријана Мациев. На изложбата насловена како "Живот во бои", беа претставени 22 дела, работени во акрил на платно и хартија.
Ова беше прва самостојна изложба на Мациев, која веќе се има претставувано пред бугарската публика на групни изложби во Варна и Созопол. За Андријана Мациев и нејзиниот творечки опус зборуваа Мирјана Крстева Массетти, ликовен уметник и директорот на Центарот Васко Шутаров, кој и ја отвори изложбата.