Самостојната изложба „Златната Рипка и потомокот“ на Михаела Јовановска ќе биде отворена на 13 септември (четврток), со почеток од 18:30 часот.
Михаела Јовановска е вработена во НУ Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Додипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се изразува во различни медиуми од кои најчеста е уметничката инсталација. Нејзините дела се изложувани во повеќе групни и четири самостојни изложби во Македонија и странство, вклучувајки ги MC Gallery во Њујорк, Прима центар во Берлин, КИЦ во Софија, галерија Лауба во Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ во Цетиње, Мала станица - НУ НГМ во Скопје, Биенале на млади - МСУ во Скопје.
Накратко за изложбата и делата од авторката:
Делата раскажуваат процес на промена на просторот кој овозможува една приказна да има одреден приказ или основа за замисла на одредена состојба. Секое прераскажување се прилагодува на дадените насоки со желба да се пренесе форма на лична замисла. Своето гледиште и мислење за тоа што се смета дека е клучно обликува приказна налик на реалната ситуација. Автотската смисла го дополнува реалното креирајќи увид на трансформација на првичната перцепција.
Изложбата „Златната Рипка и потомокот“ содржи дела создадени во комбинирана техника со користење на акрил, принт врз пластична фолија , плексиглас, епоси смола и т.н.