На 4 мај, пред бројна публика, претставници од дипломатскиот кор, културни работници и бројни познати јавни личности беше отворена изложбата "Охридски филиграни" од Мирјана Николоска.
Софиската публика покажа исклучителен интерес за ова старо занаетско мајсторство специфично за Македонија, претставено преку 35 ракотворби од авторката Мирјана Николоска од Охрид. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Р. МАкедонија, Васко Шутаров.