КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложбата „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ со второ претставување во Виница

Дом на култура „Тошо Арсов“ Виница
17 Мај 2024 - 12:00

Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница на 17 мај (петок) 2024, со почеток од 12:00 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“.

Изложба претходно беше поставена во македонскиот КИЦ во Софија, каде што беше посетена од бројни љубители на уметноста и стручни лица. Поставувањето на „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ пред публиката во Виница е во склоп на Фестивалот на уметноста „Ликовна визија“, организиран од Ликовната академија при УГД во Штип, и претходи на нејзиното финално презентирање пред публиката во Штип на 28 мај.

Оваа патувачка изложба на делата од поранешни и сегашни студенти од Ликовната академија во Штип ја има целта да го претстави квалитетот на ликовната обука и да ја афирмира Ликовната академија во државата и регионот, да го претстави развојниот пат на креативните личности сврзани со институцијата.

Изложбата се состои од дела кои се настанати во Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во периодот од 2019 до 2023 година. Застапени се делата на авторите: Мики Иванов, Миа Ефремова, Крсте Тарабунов, Ивана Ивановска,  Дејан Витанов, Вангел Крстиновски, Бојана Тошевска и Александра Јеротијевиќ-Андреева.

Д-р Иво Пецов, како куратор на изложбата, се погрижи да бидат избрани карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија, во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство.

Во образовната програма „Класично сликарство“ студентите работеле под менторство на различни наставници, и тоа: Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, како и македонските професори: Јордан Ефремов, Слободан Милошески, Ванѓа Димитријева-Кузманоска и Јана Јакимовска.

Жанровски нај застапена е мртвата природа, а исто така може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела кои биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Изложбата ги опфаќа класичните сликарски техники: маслени бои на платно, акрил на платно, сув пастел на хартија и слично, а форматите се галериски.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31