КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“ на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
15 Nov 2022 - 18:30

На 15 ноември (вторник) во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графички дела на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути. Младите автори од Тетово, воспитаници на тетовскиот Факултет за уметности, за прв пат се претставуваат пред софиската публика и во КИЦ на РСМ.

Берат Беќири е роден на 02.12.1992. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово 2011 година. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на Хајруш Исени, каде и дипломирал во 2017 година. Во 2018 година ги започнал своите магистерски студии во класата на проф. Нафи Јашари, насока „Графика“, каде што и магистрирал во 2021 година.

Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.

Астрит Реџепи е роден на 24.08.1991 во Тетово. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на проф. Нафи Јашари.

Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите: Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.

Улбер Даути е роден на 20.08.1989 во Тетово. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на Хајруш Исени.

Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите: Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.

 

***

УМЕТНОСТА КАКО TРАНСФОРМИРАНА РЕАЛНОСТ

Пренесени во меморијата на младите луѓе, со комбинација на време и простор, преку професионални експерименти и владеење на графичките техники, креаторите се ставени во потрага по својата креативна индивидуалност. Преку експлозивната моќ на интерпретацијата на теми од фолклорот, етнолошките елементи, ги прават првите чекори на професионалниот пат каде што започнуваат делата, за докажување на стремежите и наменетите уметнички пораки.

Берат Беќири, Астрит Реџепи и Илбер Даути, иако сè уште на почетокот на својата уметничка кариера, ѝ се предале на уметничката инспирација со традиционалните нијанси на стилови и начини на лекување во рамките на флексибилен графички метод. Делата изгледаат едноставно по изглед, но ако навлеземе подлабоко во себе се гледа дека се префинети и елегантно обработени на декоративна и дводимензионална позадина и понекогаш се појавуваат со изразени експресионистички нијанси со градации.

д-р. Ј. Асани, историчар на уметност

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31