Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, на 10 јули во 19:00 часот, во престижната Камерна сала-Бугарија, се одржа Бахова вечер во исполнение на афирмираните македонски музичари: проф.м-р Михаило Куфојанакис- виолина, Момчило Куфојанакис- виолина и Тодор Светиев- пијано.
Концертот претставуваше можност за достојно презентирање на културните дострели на Р. Македонија од областа на репродуктивната уметност со афирмирани солисти, искусни педагози и млад талентиран виолинист.